понеделник, јуни 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Тензиите на Блискиот исток се зголемуваат, залихите на нафта се намалуваат!

Тензиите на Блискиот исток се зголемуваат, залихите на нафта се намалуваат!

39

Цените на нафтата беа релативно стабилни во среда, откако пораснаа за 7,5 проценти во претходните три сесии поради тензиите на Блискиот Исток и падот на глобалните залихи. Суровата нафта Брент се тргуваше по цена од 106 долари за барел, додека американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) беше околу 101 долар за барел, објави „Трејдинг економикс“.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) соопшти дека регистрираните залихи на нафта се намалиле за околу четири милиони барели дневно во март и април.

Во меѓувреме, Саудиска Арабија ѝ соопшти на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус) дека нејзиното производство паднало на најниско ниво од 1990 година.

ИЕА предупреди дека со оглед на тоа што залихите веќе паѓаат со рекордно темпо, веројатно е дека ќе има понатамошна нестабилност пред врвот на летната побарувачка и дека пазарот може да остане сериозно недоволно снабден до октомври, дури и ако конфликтот на Блискиот Исток заврши следниот месец.

Во меѓувреме, податоците на американската влада покажаа дека залихите на дестилати се зголемиле за 190.000 барели минатата недела, што е прво зголемување од март, намалувајќи ги загриженостите за снабдувањето.

Сепак, залихите на сурова нафта се намалија за 4,3 милиони барели, што е речиси двојно повеќе од очекувањата на пазарот.

ИЗДВОЕНИ