сабота, ноември 14, 2026
Дома СВЕТ „Блумберг“: Демократите бараат од Маск да ги зачува документите поврзани со „Старлинк“...

„Блумберг“: Демократите бараат од Маск да ги зачува документите поврзани со „Старлинк“ во Украина

0

Демократите во Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД побараа од извршниот директор на „СпејсЕкс“ (SpaceX), Илон Маск, да ја зачува сета документација и електронска комуникација што се однесува на функционирањето на сателитските системи „Старлинк“ (Starlink) и „Старшилд“ (Starshield) во Украина. Ова се наведува во писмото испратено до него, објави денеска „Блумберг“ (Bloomberg).

Демократите, кои обезбедија најмалку осум нови места во Сенатот, најавија дека имаат намера да ја стават улогата на „СпејсЕкс“ во војната во Украина како клучна тема кога новиот состав на Конгресот ќе започне со работа во јануари.

Барањето доаѓа по изјавите дадени претходно оваа недела од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој наведе дека повторно се воведени ограничувања за функционирањето на интернет-терминалите „Старшилд“, кои ги користат украинските сили на фронтот, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ