среда, септември 9, 2026
Дома СКОПСКА „Нешто што ќе остане“ се преместува за в петок

„Нешто што ќе остане“ се преместува за в петок

1

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.

-„Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти – соопштија од Општина  Центар.

Оттаму ги повикуваат сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер.

ИЗДВОЕНИ