среда, септември 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Времето нагло се менува: По топлите денови, викендот носи дожд, грмежи и...

Времето нагло се менува: По топлите денови, викендот носи дожд, грмежи и пад на температурите

0

Топлото и сончево време во Македонија ќе се задржи уште во следните два дена, но веќе за викендот се очекува значителна промена на временската состојба.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време. Но, веќе во деновите од викендот, под влијание на циклонска активност, следува промена. Ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Можно е да бидат проследени со грмежи и засилен северен ветер.

Особено значајно е што од сабота дневната температура ќе биде во значително опаѓање, па по топлите денови следува осетно посвежо време. Граѓаните се предупредуваат на локално поинтензивни временски процеси во попладневните часови, особено во текот на викендот.

ИЗДВОЕНИ