EPA/MARTIAL TREZZINI

Швајцарецот Стен Вавринка имаше емотивно искуство во својот последен натпревар на Вимблдон.
Во првото коло на гренд – слемот во Лондон, Вавринка загуби од Матео Беретини, по четири часа и 15 минути и дури четири тај-брејкови – 6:7(7), 7:6(16), 7:6(7), 7:6(5).

„Не сакам да се пензионирам, но знам дека е време да престанам. Една од причините зашто продолжив да играм е поради вакви моменти. Навистина е емотивно, благодарен сум за шансата што ја добив. Тоа што добив посебна покана, имав шанса да играм уште еднаш на овој посебен турнир. Како дете сонувате да играте еден ден тука, имав шанса да играм многу пати. Голема поддршка и тоа многу ми значи, ви благодарам за сите овие години“, рече Вавринка.

Потоа се осврна на самиот дуел, како и на неговото збогување со турнирот, кој одбележа голем дел од неговата кариера.

„Не ми е прв пат тука, отидов преку граници, одлична борба. Матео е мој добар пријател, одличен човек и заслужуваше да победи. Не е лесно да се збогуваш со нешто што многу го сакаш. Отсекогаш сум имал голема страст за играта, благодарен сум на сите што ми дадоа шанса да играм тука. Не можев да посакам подобро збогување. Ви благодарам за вашата поддршка“, рече Вавринка.

Ова е последна сезона во кариерата на Вавринка, а Матео Беретини ќе игра во второто коло против 20-тиот носител, Французинот Артур Фиес.

ИЗДВОЕНИ