Џа Морант повторно привлече внимание, но овој пат не со потег на кошаркарскиот терен, туку со својот необичен стил. Кошаркарот на Портланд трејл блејзерс се почести со спектакуларен сет дијаманти за својот 27. роденден. За новиот забен накит, тој издвоил неверојатни 215.000 долари. Со оглед на годишната плата од околу 40 милиони долари, ова, за него, очигледно не претставува голем проблем.

Станува збор за таканаречениот скајс или грили, односно специјален забен накит што се поставува врз природните заби. За разлика од трајните интервенции, овој сет може да се отстранува и не бара директно вградување на дијамантите во забите. Она што го прави особен е фактот што дијамантите ја покриваат практично целата негова насмевка.

Скапоцениот накит е изработен од познатиот јувелир Хозе Мата, познат под прекарот Плаг Џео.

Дијамантите се сертифицирани од престижниот GIA, што дополнително ја зголемува вредноста на целото парче.

Морант и претходно покажуваше љубов кон ваквиот вид луксуз. Пред Ол-стар натпреварот во 2023 година, тој имаше забен сет вреден околу 23.000 долари. Сепак, новиот подарок е далеку поскап и претставува вистинско богатство.

Морант со години е познат како еден од најекстравагантните кошаркари во НБА. Неговиот специфичен стил често привлекува внимание и надвор од теренот. Овој пат, сепак, неговата насмевка беше таа што стана главна тема. Фотографиите од новиот дијамантски сет веднаш предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.

Додека едни се воодушевени од луксузот, други сметаат дека е претерана сумата дури и за НБА- ѕвезда. За Морант, очигледно, ова е само уште еден начин да го прослави својот роденден во препознатлив стил.

Едно е сигурно: неговата насмевка сега вреди повеќе од просечен луксузен автомобил.

ИЗДВОЕНИ