четврток, август 13, 2026
Дома СВЕТ Етна го парализира воздушниот сообраќај, се затвораат аеродроми!

Етна го парализира воздушниот сообраќај, се затвораат аеродроми!

0

Аеродромот во сицилијанскиот град Катанија ќе остане затворен најмалку до два часот по полноќ во петок поради засилената вулканска активност на Етна, пренесува Net.hr, повикувајќи се на германската агенција ДПА.

Затворањето повторно беше продолжено во средата, само неколку часа откако компанијата која управува со аеродромот соопшти дека воздушниот сообраќај ќе биде во прекин до четврток во 16 часот. Не се исклучуваат нови продолжувања, бидејќи активноста на вулканот продолжува.

Прекините се случуваат во екот на туристичката сезона и погодија илјадници патници. Бројни летови се откажани, одложени или пренасочени, а дел од авионите се пренасочени кон аеродромите во Палермо и Комизо.

На патниците им се препорачува пред поаѓање директно кај авиокомпаниите да го проверат статусот на својот лет.

Активноста на Етна влијаеше и врз воздушниот сообраќај на Малта, јужно од Сицилија, каде што некои летови се откажани поради облаците вулкански пепел.

Етна, најактивниот европски вулкан, од петок исфрла големи количества пепел и вжештени карпи. Според податоците на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, лава избива од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри, а во меѓувреме се формирани уште два лавини текови.

Патниците се соочуваат со промени на летовите во последен момент, преполни возови и значително повисоки цени на такси-превозот додека се обидуваат да стигнат до алтернативните аеродроми. Дополнителни нарушувања во сообраќајот се очекуваат и во наредните денови.

ИЗДВОЕНИ