Кејд Канингам одигра натпревар за паметење и го предводеше Детроит до драматична победа над Вашингтон од 144:140, по две продолженија. Американската ѕвезда приреди вистинско шоу и испиша нова страница во историјата на НБА-лигата. Канингам го заврши натпреварот со неверојатни 52 поени, 11 асистенции и пет скока за точно 48 минути на паркетот. Неговите бројки се импресивни, но она што го прави овој настап навистина историски е уште еден неверојатен податок.

Имено, Канингам стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на еден натпревар постигнал најмалку 50 поени и поделил 10 асистенции, а притоа не направил ниту една изгубена топка. Тој шутираше 12/20 за два поени, 3/5 за три поени и речиси безгрешни 17/18 од линијата за слободни фрлања.

 

ИЗДВОЕНИ