epa12270134 Fans on The Mall ahead of the victory open-top bus parade for UEFA Women's EURO 2025 winners England, in central London, Britain, 29 July 2025. EPA/DAVID CLIFF

Тексашката полиција објави препораки за однесувањето на навивачите на репрезентациите што ќе ги играат своите натпревари во оваа сојузна држава на САД. Тексашката полиција го привлекува вниманието на навивачите со законите за алкохол, дрога, психоактивни супстанции, оружје, нарушување на јавниот ред и мир… Упатствата се детални и поделени во групи: направете го ова и избегнувајте го ова.

Закони за алкохол и отворени алкохолни пијалаци

– Консумирајте алкохол само во лиценцирани барови, ресторани и официјални навивачки зони.

– Пред да консумирате алкохол на отворено, проверете дали е терасата или отворениот простор дел од лиценциран угостителски објект.

– Секогаш чувајте пијалаци во просториите за кои е издадена важечка лиценца за послужување алкохол.

– Секогаш носете важечка лична карта со фотографија со вас. Американскиот закон дозволува консумирање алкохол од страна на лица над 21 година.

– Организирајте превоз однапред, пред да почнете со консумирање алкохол. Однапред резервирајте превоз со шатл или закажете возач што не пие.

Избегнувајте го ова:

– Не пијте алкохол на улица, во паркови, на паркинзи или во јавен превоз,

– Не носете отворено шише или чаша со алкохолен пијалак надвор од просториите на лиценцираниот објект.

– Не претпоставувајте дека консумирањето алкохол на јавно место е дозволено само затоа што се собрале голем број луѓе таму за да слават.

– Не возете откако сте консумирале каква било количина алкохол. Законската граница на алкохол во крвта е 0,08 %, а казните за возење под дејство на алкохол во Тексас се многу строги.

– Не давајте алкохол на лица под 21 година, тоа е кривично дело.

– Јавното пијанство е кривично дело во Тексас за кое може да бидете уапсени. Ова се однесува на ситуации кога е некое лице на јавно место во пијана состојба до степен до кој претставува опасност за себе и за другите.

Лекови и контролирани супстанции

Продолжете вака:

– Носете ги сите лекови на рецепт во нивното оригинално пакување со јасно видлива декларација и информации за пациентот.

– За лековите што содржат контролирани супстанции, донесете лекарско уверение или извештај преведен на англиски јазик.

– Веднаш оддалечете се од секоја ситуација каде што се присутни или се користат нелегални дроги.

– Доколку мислите дека е безбедно, пријавете сомнителни околности поврзани со дрога во полицијата.

Избегнувајте го ова:

 

– Не поседувајте, користете, купувајте или дистрибуирајте канабис или друга нелегална дрога во Тексас.

– Не носете лекови на рецепт во необележани кутии, ќеси или препакувани на кој било друг начин. Ваквите дроги може да се третираат како контролирани супстанции.

– Не прифаќајте никакви супстанции од непознати лица на навивачки настани, барови или на забави.

– Не преминувајте ги државните граници на САД или меѓународните граници со канабис или со производи поврзани со дрога.

Прописи за огнено оружје и оружје

Постапете вака:

– Ако забележите лице што носи огнено оружје на јавно место, останете смирени.

– Обрнете внимание на известувањата и на знаците при влегување, повеќето објекти и простори за настани го спречуваат внесувањето оружје и јасно го наведуваат тоа на влезот.

– Веднаш јавете се на 911 ако лице со пиштол покажува знаци на заканувачко однесување или изгледа нестабилно.

– Следете ги сите упатства на вооружениот безбедносен персонал на стадионите и на другите места за настани без двоумење.

Избегнувајте го ова:

– Не гледајте во лицето што носи оружје, не покажувајте со прст кон него и не давајте гласни коментари за неговото однесување.

– Не приближувајте се кон лице што носи оружје или не обидувајте се да го допрете оружјето.

– Не реагирајте во паника, не влегувајте во тепачка само затоа што гледате лице што отворено носи оружје.

– Не обидувајте се да интервенирате во ситуација со огнено оружје, освен ако вашиот живот не е во непосредна опасност.

– На полицајците што не се на должност им е дозволено да носат огнено оружје во рамките на настани и спортски објекти.

Нарушување на јавниот ред и однесување на навивачите

Постапете вака:

 

– Одржувајте навивачки прослави во лиценцирани угостителски објекти или во официјално назначени навивачки зони.

– Имајте предвид како вашата група е перципирана од луѓето околу вас.

– Решавајте ги сите несогласувања со другите навивачи мирно и доколку е потребно, побарајте помош од службата за обезбедување.

– Внимавајте на членовите на вашата група што се под дејство на алкохол и обидете се да ги отстраните од јавните простори.

– Пијте доволно течности редовно. Летата во Тексас може да бидат многу жешки, со дневни температури што често достигнуваат 40 Целзиусови степени.

Избегнувајте го ова:

– Не однесувајте се гласно, агресивно или на начин што го нарушува јавниот ред и мир.

– Не продолжувајте да консумирате алкохол на јавно место откако ќе бидете предупредени од страна на стјуард или на полицијата.

– Не вклучувајте се во физички конфронтации со други навивачи или со други лица.

– Не блокирајте улици, влезови или јавни површини, дури ни како организиран дел.

– Избегнувајте користење беспилотни летала (дронови) на стадиони, во текот на настани или на други јавни простори.

Од сето ова можеме да заклучиме дека Англичаните и Хрватите имаат многу мала шанса да не добијат казна или да бидат уапсени за нешто, дури и за фактот дека, веројатно, ќе сакаат да одат на стадион и да пеат, што очигледно не е дозволено.

Ако го избегнат тоа, очигледно постои многу голема можност да се сретнат со вооружено лице или барем да добијат сончаница.

ИЗДВОЕНИ