Неговата стресна естрадна работа прилично допринела болеста да напредува. Дијабетесот го открил пред скоро 10 години, на својот 50. роденден. Но и покрај болеста, тој внимава на своето здравје, на исхраната. Поради потребата повеќе да одмора, се случува да одбие некој вечерен настап, што е сосема разбирливо. Здравјето пред се!
Велат не било до Наум, нашата голема музичка ѕвезда, туку до самата македонска песна која и овојпат победи во големото балканско шоу “Никогаш не е доцна“ и тоа сред српската метропола, во Белград. Нашиот славеј Наум Петрески запеа и сите ги остави без здив. А, како дојде до тоа Нуам да учествува во ова шоу кое има огромна гледаност и популарност од Вардар до Триглав и пошироко во дијаспората. На некој начин иницијална “каписла“ беше македонскиот учесник во другото популарно шоу “Ѕвездите на Гранд“ во кое Наум Петрески беше спомнат со настапот на Иван Милевски кој ја испеа песната „Јоване море, Јоване“, од репертоарот на македонската музичка ѕвезда. Со оваа весела македонска песна, и со освоените гласови, Иван помина директно во следниот круг. Тогаш и Ѓорѓе Давид, кој е во жирито, имаше само комплименти за Наум. Меѓу другото кажа дека “Наум е рамо до рамо со голем број најдобрите пејачи од Балканот, по примерот на Здравко Чолиќ, Петар Грашо, Мирослав Илиќ, Кемал Монтено…“
И на Наум, всушност му направи простор да учествува во тоа шоуто за оние кои се во своите сериозни години во “Никад није касно“. Не дека Наум нешто и некој го заборавил, не тоа, не. Убаво е што неговиот многу помлад колега се сети на постариот колега. Тоа е вистинска почит. Во самото тоа шоу Наум беше дел од жирито оценувајќи ги натпреварувачите. Еден од тие беше и натпреварувачот од Македонија, познатиот Бобан Амадеус од Куманово. Нашиот Кумановец испеа една песна од репертоарот на анѓелот Тоше, при што Наум не можеше да се воздржи од грст комплименти: – Целиот Балкан знае дека Тоше беше и мојата слабост и воедно мој ученик. Така што оваа песна со која Боби настапи му е најдобриот избор. Боби ја изнесе во сјајно светло!

Инаку, веќе со децении Наум е актуелен со песните на нашата естрадна сцена кои не се симнуваат од врвот на топ-листите. Важи за еден од најмоќните гласови со впечатливи интерпретации, од незаборавната “Жал за Деспина“ до овие најновите негови хитови кои редовно се пеат на свадбите, забавите, родендените, кршетвките….Музичка ѕвезда кој како секоја “разгалена“ ѕвезда, има право и на тоа понекогаш да биде лут или незгоден, но за среќа тоа брзо му поминува. Наум е народен човек, весељак, мераклија за песната и друштвото.
За жал, и покрај сите убави работи, има и лоша вест за него. Наум отворено зборуваше за дијабетесот, за кој вели дека го наследил од своите родители. Поточно, неговата стресна естрадна работа прилично допринела болеста да напредува. Дијабетесот го открил пред скоро 10 години, на својот 50. роденден. Но и покрај болеста, тој внимава на своето здравје, на исхраната. Има потреба повеќе да одмора, па се случува да одбие некој вечерни настап, што е сосема разбирливо. Здравјето пред се!
Наум оваа година на 7-ми декемрви ќе го прослави својот јубилеен 60. роденден. Во брак е со популарната пејачка и професорка по хармоника, Зуица Лазова. Ги имаат ќерката Македонка и синот Стефан. Зуица е осум години помлада од него, а таа во октомври ќе наполни 52 години. На Наум ова му е вториот брак. Од првиот ја има ќерката Анастасија, која е исто успешна пејачка. Така да Наум е веќе и среќниот дедо. И Наум и Зуицаа им пркосат на годините. Особено Зуица која плени со својот младешки изглед, со својата харизма и со својата постојана насмевка. Феноменално се согласува со својата свекрва Анастасија, за која често вели дека ѝ е како мајка, со која знае и да запее. Па, така на прославата на 50-от роденден Зуица ги изненади сите свои обожаватели и сите новинари, кога со мајката на Наум ја снимија песната „Ќе ти купам широк фустан Зуице“.
(Д.М.)












