среда, август 12, 2026
Дома МАГАЗИН НАЈВАЖНИОТ АСТРОНОМСКИ ДЕН ВО ГОДИНАТА: Затемнувањето на Сонцето ги затвора аеродромите и...

НАЈВАЖНИОТ АСТРОНОМСКИ ДЕН ВО ГОДИНАТА: Затемнувањето на Сонцето ги затвора аеродромите и ги намалува температурите во Европа

1
EPA/ELOY ALONSO

Милиони Европејци и ентузијасти за астрономија од целиот свет денес ќе го гледаат небото за време на ретко целосно затемнување на сонцето, кое ќе донесе темнина во северна Шпанија во текот на денот само две минути, додека овој необичен феномен ќе трае вкупно околу два часа.

Двоминутното целосно затемнување на сонцето, кога Месечината целосно ќе го покрие, покрај Шпанија ќе го доживеат и Исланд и Русија, а ќе му претходи и ќе биде проследено со делумно затемнување, објавува BFM.

Овој редок астрономски феномен, прв од ваков вид во Европа од 2006 година и најзначаен од 1999 година, ќе започне во Сибир во Русија околу 19 часот, а потоа ќе помине над Алјаска, северната хемисфера и Гренланд околу 19:30 часот, и конечно ќе се издигне над Европа и Атлантскиот Океан.

Покрај дел од Исланд, затемнувањето ќе биде целосно првенствено во шпанскиот појас што се протега од Овиедо до Палма де Мајорка преку Бургос, северно од Мадрид, пред да исчезне околу 20:30 часот.

Во другите делови од светот, овој необичен феномен ќе биде само делумно видлив, што ќе биде случај во Франција и други европски земји, но исто така и во Канада, северна Западна Африка и САД.

Десетици милиони луѓе ќе можат да го видат затемнувањето низ Западна Европа, каде што патеката на затемнувањето ќе го блокира Сонцето во многу земји, вклучувајќи, покрај Франција, и Обединетото Кралство, каде што Месечината ќе покрива 90 проценти од Сонцето, како и Белгија, Швајцарија и северна Италија, наведе „Гардијан“.

Видрото небо и поволната временска прогноза за поголемиот дел од Европа треба да им овозможат на љубопитните да имаат добар поглед.

РИА Новости објавува дека Роскосмос денес ќе емитува делумно затемнување на Сонцето во живо, видливо од Русија, како што објави државната корпорација, а платформата за набљудување ќе биде Центарот Лахта – највисоката зграда во Русија и Европа.

Се забележува дека 12 август ќе биде најважниот астрономски ден во годината, односно денеска на небото ќе бидат видливи три феномени – парада на планети, затемнување на Сонцето и врвот на метеорскиот дожд Персеиди.

Покрај промените на светлината, совршеното порамнување на Сонцето и Месечината ќе влијае и на температурите, кои можат да се променат во тој временски интервал, додека животните често стануваат дезориентирани и се однесуваат чудно во овие моменти, наведува BFM.

Овој феномен треба да им овозможи на научниците да ја проучуваат атмосферата на Сонцето и нејзиниот последен надворешен слој, со надеж дека ќе продрат во тајните на сончевите ветрови и магнетното поле, а НАСА посочува дека затемнувањето е важен настан и можност во овој поглед.

Многу јавни настани се одложени, како и летовите, поради денешното затемнување.

Експертите предупредуваат дека луѓето не треба да гледаат директно во Сонцето за време на затемнувањето без заштита, во спротивно ризикуваат сериозно оштетување на очите.

ИЗДВОЕНИ