Роналдињо и неговиот инвестициски фонд се заинтересирани да го преземат кошаркарскиот клуб Монако, кој се наоѓа во сериозна финансиска криза. Според „Л’Екип“, долговите на клубот се проценуваат на околу 24 милиони евра. Поради финансиските проблеми, клубот Монако е исклучен од француските професионални натпреварувања за сезоната 2026/2027.
Интересот на Роналдињо доаѓа во клучен момент, а неговиот фонд наводно веќе ги обезбедил потребните средства за преземање. Бразилецот има добри односи со властите во Кнежеството, што би можело да му помогне во реализацијата на зделката. Сепак, тој не е единствениот заинтересиран инвеститор. Новиот сопственик ќе мора да го заврши процесот пред CNOSF најдоцна до 19 август. Монако во последните години се етаблираше како редовен учесник во Евролигата, но сега неговиот опстанок е доведен во прашање.











