Украинскиот главен обвинител Руслан Кравченко поднесе оставка откако истрагата за корупција се прошири на неговото обвинителство.
Кравченко не е обвинет за кривично дело, ниту е именуван како осомничен во никаква истрага. Сепак, властите обвинија еден од неговите подредени за помагање во водење криминална група вклучена во измама, што го натера Кравченко да поднесе оставка за да избегне „политички конфликт“.
„Ова е политичка одлука и јас ја донесов свесно“, рече 36-годишниот Кравченко во писмена изјава, негирајќи какво било кривично дело.
Ова е најновиот во низата големи корупциски скандали што доведоа до отстранување на високи функционери во владата на претседателот Володимир Зеленски и предизвикаа неколку промени во раководството на земјата за време на војната, објави „Ројтерс“.
Зеленски во понеделник изјави дека ќе го поднесе барањето за оставка на Кравченко до парламентот, кој мора да го одобри, пренесе „Бета“.












