Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналенa Бербок, објави дека сака да се повлече од јавниот живот и да започне живот надвор од политиката.
Бербок го изјави ова во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“ на 8 септември, нагласувајќи дека за неа овој момент претставува можност да започне ново поглавје надвор од политиката.
„За мене, ова е навистина, на некој начин, момент кога можам да кажам: па, сега сум приватно лице“, рече Бербок.
Бербок беше министерка за надворешни работи на Германија од декември 2021 до мај 2025 година.












