EPA/JOEL CARRETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT EDITORIAL USE ONLY

Тони Надал, шпанскиот тениски тренер и чичко на Рафаел Надал, јавно го отпиша Новак Ѓоковиќ и неговата кариера, која полека завршува. Надал го отпиша Ноле од секоја трка за освојување на трофејот на гренд слем, велејќи дека Јаник Синер и Карлос Алкараз во моментов се непремостливи пречки за српскиот тенисер:

– Тешко ми е да поверувам дека може да освои уште еден гренд слем. Тој го победи Синер во Австралија, но не и Алкараз во финалето. Синер немаше добар ден, ниту добар турнир како целина. Новак, кој е исклучителен, знаеше како да го искористи тоа. Во финалето одигра одличен прв сет, но не е во состојба да одржи таков ритам два часа против Алкараз – изјави Тони Надал за Мундо Депортиво.

 

ИЗДВОЕНИ