Ниту еден бразилски фудбалер не заврши меѓу првите десет во светот, а најдобро пласиран беше Винисиус Жуниор, само на 17-то место. Ова е најлошиот пласман за бразилските фудбалери од 2010 година.
Со децении, Бразилците беа меѓу главните кандидати за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, но овогодинешниот избор уште еднаш покажа колку се далеку од нивната поранешна доминација.
Најдобро пласиран Бразилец беше ѕвездата на Реал (М), Винисиус Жуниор, кој заврши на 17-то место. Останатите двајца бразилски фудбалери на листата беа дефанзивците Габриел Магаљаес и Маркињос. Габриел го освои 21-то место, а Маркињос на 25-то.












