Општина Ѓорче Петров воведува поодржлив пристап кон животната средина – преку мулчирање, процес со кој органската маса се враќа во почвата, придонесувајќи за нејзино природно збогатување и намалување на отпадот.
Во таа насока, набавено е ново мултифункционално возило – специјализиран мулчер, наменет за поефикасна работа на терен и подобро одржување на јавните зелени површини.
–Ова милтифункционално возило ќе овозможи побрзо косење и уредување – без чекање, ќе има помалку отпад, бидејќи тревата и гранките се враќаат во почвата, а ќе има порамни и поубави зелени површини за сите – објаснија од локалната самоуправа.












