Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако убила мачка на Закинтос и е казнета со 30.000 евра, соопшти локалната полиција. Жената од Ромири на Закинтос била пријавена од сопственикот на мачката, објави „Катимерини“.
Според Здружението за заштита на животните на Закинтос (ЗОМЗ), мачката била возрасна мачка која жената ја задавила со јаже.
Телото на животното е во замрзнувачот на сопственикот, a според властите, и ќе остане таму до вторник, 25 август, поради локалниот празник Свети Дионисиј, кој паѓа на 24 август и е државен празник за жителите на островот.












