EPA/Jorge Zapata

Феноменалната кариера на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, беше полна со лузни од бројни повреди, колена, стапала, грб, колкови. зглобови… речиси и да немаше сезона во која кралот на земјената подлога не страдаше многу поради разни здравствени проблеми. Во интервју за францускиот портал „Брут“, тој ги подвлече сите маки што ги имал во текот на својата кариера.

– Мојот најголем непријател не беше моето тело, туку моето стапало. Поради проблемите со него, се појавија сите други проблеми. Тоа беше најтешкиот дел од мојата кариера, откри освојувачот на 22. грнед – слем титули.

– Кога бев уште мал, морав да носам влошка од седум милиметри. Ми дозволуваше да играм тенис, но тоа ги предизвика и сите повреди што ги имав подоцна. Без разлика дали станува збор за колената или колкот или грбот.

Сепак, иако на крајот од кариерата изгледаше како неговото тело да ќе се распадне, тој не се кае:

– Сакав самиот да играм до крај. Ништо не е премногу ако сакаш да правиш нешто, кога си среќен поради тоа. Барем тоа е мојот став за овој проблем, бидејќи бев среќен кога играв тенис. Мојот живот не беше во опасност, но моето тело беше, исто како и моето здравје. И тоа е суштината. Го туркав моето тело до крајни граници, или блиску до нив, но бев среќен играјќи тенис.

Една од карактеристиките на неговата кариера е тоа што никогаш не бараше изговор за пораз.

– Рано сфатив дека, за да бидеш уште подобар, потребно е да тренираш што е можно повеќе. Секој може да се скрие зад некоја причина, но на крајот тоа не прави ништо. Ти го направи тоа што го направи, и така отсекогаш ја гледав мојата кариера. Никогаш не си реков, изгубив затоа што ме болеше коленото. Ја изгубив, точката. Само резултатот е важен.

Тој исто така опиша како се чувствувал во финалето на Вимблдон во 2008 година, кога за прв пат го освои овој голем турнир.

– Поразот во финалето во 2007 година ми помогна да бидам подготвен за овој натпревар. Си реков, можам да изгубам, но нема да играм лошо. Тој може да ме победи, но јас нема да изгубам – го опиша расположението во дуелот со Роже Федерер.

Надал ги доби првите два сета, потоа Федерер израмни на 2:2, а дуелот заврши во самрак бидејќи во тој момент немаше покрив.

– Финалето не помина според моите очекувања, но си реков. Никогаш нема да бидам толку блиску до освојување на Вимблдон, ова не е момент за губење. Тој може да ме победи само ако е подобар, но јас ќе се борам до крај.
Надал победи и ос
вои уште еден лондонски гренд слем две години подоцна.

ИЗДВОЕНИ