Дванаесет лица се повредени денеска за време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата во албанскиот главен град, Тирана.
Дополнително, еден полицаец е суспендиран поради испукување гумен куршум, при што е повреден Клити Хоти, опозициски пратеник, објавија албанските медиуми.
Демонстрантите се собраа пред кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама, носејќи знамиња и транспаренти со анти-владини пораки, пренесе „Албанијан пост“ (Albanian Post).
Потоа, тие фрлија пиротехнички средства кон полицискиот кордон, на што полицијата одговори со солзавец и бибер-спреј.












