понеделник, август 24, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Трамп: САД од јануари ќе ги зголемат царините за канадските автомобили и...

Трамп: САД од јануари ќе ги зголемат царините за канадските автомобили и челик на 50 отсто

12
EPA/Al Drago / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека, почнувајќи од 1 јануари 2027 година, Соединетите Држави ќе ги зголемат царините за канадските автомобили, камиони, автоделови и челик на 50 отсто.

Тој додаде дека производите од овие категории ќе бидат изземени од царините доколку се произведени во Соединетите Држави.

Американскиот претседател ја обвини Канада дека со години наметнува „апсурдно високи“ царини за американските земјоделски производи, тврдејќи дека тоа придонело за трговски дефицит на САД со Канада од приближно 60 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ