недела, ноември 29, 2026
Дома БАЛКАН Алармантно на југот на Грција: За два дена пристигнаа над 1.100 мигранти,...

Алармантно на југот на Грција: За два дена пристигнаа над 1.100 мигранти, луѓето спијат на отворено

0
Фото: EPA/NIKOS.CHALKIADAKIS

Грција соопшти дека изминатите 48 часа биле најтешкиот период од почетокот на годината во однос на пристигнувањето на мигранти, откако околу 1.000 луѓе беа спасени од чамци во близина на Крит, додека уште неколку стотици пристигнаа на островот за време на викендот.

Грчката крајбрежна стража објави дека денеска се спасени 190 лица од три чамци, откако биле забележани во близина на Крит од беспилотни летала на агенцијата за гранична контрола на Европската унија, Фронтекс. Мигрантите биле пренесени во блиските пристаништа Кали Лименес и Јерапетра.

Околу 1.000 мигранти беа спасени вчера во десетина одделни операции во близина на Крит, додека приближно 700 пристигнаа на неговите брегови, изјави за Ројтерс претставник на грчката крајбрежна стража.

Истиот ден, на карпест дел од брегот на блискиот остров Гавдос беа пронајдени телата на двајца мигранти.

Министерот за миграција, Танос Плеврис, денеска за телевизијата „Скај“ изјави дека бранот мигранти во изминатите 48 часа бил „најтешкиот“ годинава досега. Вкупниот број на мигранти на островот достигна околу 2.500, што ги надминува локалните капацитети за прифат.

ИЗДВОЕНИ