Астромите наведоа дека објектот во текот на годината ја променил орбитата и сега е на курсот на радарот од површината на природниот сателит на Земјата.,
Станува збор за горниот дел од ракетата „Фалкон 9“, означена како 2025-011Д, која лансираше две приватни летала во вселената, а која според проценките, би требало да удри во поблиската страна на Месечината на 5-ти август.
Астрономот Бил Греј од организацијата „Проект Плутон“, која развива софтвер за следење на вселенски објекти, наведе дека патеката на остатокот од ракетата внимателно се следи од нејзиното лансирање и дека со текот на времето дошло до промената на орбитата која сега води кон удар во Месечината пренесува порталот Спејс.ком.
„Сега имаме уште еден горен дел од ракетата кој би требало да удри во Месечината на 5-ти авгутс, и тоа на неговата најблиска страна“, рече Греј.
Греј смета дека ударот би можело да биде видлив од Земјата, бидејќи ќе се случи на сончевата страна на Месечината, која тогаш ќе биде делумно осветлена.
Тој оцени дека овој настан не претставува опасност за Земјата ниту за лунарната мисија, но дека укажува на проблем со управувањето на вселенскиот отпад.
„Не претставува опасност, но укажува на одредено невнимание во начинот на справување со вселенската опрема“, рече тој.
Според него, ризикот од оштетување на други лунарни летала е мал, но дека во иднина би можел да стане позначаен со зголемувањето на бројот на мисиии на Месечината.
„За неколку години ситуацијата би можела да биде поинаква, бидејќи во план се повеќе мисии на површината на Месечината, заклучи Греј, пренесува „Бета“.












