четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ Туск: Политиката не може да се базира на ласкање и потчинување на...

Туск: Политиката не може да се базира на ласкање и потчинување на каприците на најмоќните лидери

81
Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека е сигнал за тревога што некои функционери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, различно гледаат на НАТО и на односите меѓу САД и Европа, но и дека политиката на една земја не може да се базира на потчинување на каприците, дури и на најмоќните, ниту на „самоизмама или ласкање“.

„Конфликтите во НАТО се последното нешто што ни треба. Во последно време гледаме дека НАТО е предизвиканз, прашањето е дали ни треба или не. Постојат обиди за распаѓање или ослабување на Европската Унија. За мене, западното единство, не зборувам за географија, туку за систем на вредности, вреди да се одржи по секоја цена“, рече Туск, пред да замине за Ерменија на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ).

Тој нагласи дека позицијата и интересот на Полска мора да бидат јасни – дека сака интегрирана Европа, интегриран и ефикасен НАТО и што е можно повеќе солидарност, вклучително и воена, со САД, Канада и Европа.

„Не треба да подлегнуваме на провокации, политички каприци на овој или оној светски лидер. Треба да ги браниме овие односи многу доследно. Дополнителен алармен сигнал е што некои политичари, вклучително и претседателот (САД Доналд) Трамп, имаат поинаков пристап од претходниот, традиционален, кој ни даде на сите гаранции и чувство на безбедност“, изјави Туск пред полските новинари во Варшава.

Тој рече дека во Вашингтон, Париз или Берлин, треба постојано да повторуваме дека НАТО и обединета Европа, со меѓусебно почитување и предвидливост, се феноменот што денес му дава шанса на Западот да го брани својот свет и кој досега ја гарантираше неговата безбедност, пренесе „Бета“.

„Политиката не може да се базира на самоизмама, на ласкање, дури ни од најмоќните лидери во светот. Треба да го изразиме нашиот став срдечно, но на пријателски начин“, рече Туск.

ИЗДВОЕНИ