Од Општина Гази Баба велат дека во согласност со актуелниот ДУП, намената кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ е В1 – средно образование, така е и според деталниот урбанистички план што е во изработка, но оти при изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараат ова земјиште да има намена Б – комерцијални – деловни објекти.
– Ова барање произлегува од тоа што целиот простор околу поранешниот дом прерасна во комплекс на трговски објекти – нагласуваат од Општина Гази Баба
На местото на руинираниот дом за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци, „Ранка Милановиќ“, се планира изградба на трговски центар. Овој дом е претворен во голема депонија, а дивовселените лица во него постојано палат и создаваат ѓубре во дворот. Општина Гази Баба повеќе пати интервенираше со чистење, но проблемот и натаму се провлекува.
Од Општина Гази Баба велат дека во согласност со актуелниот ДУП, намената кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ е В1 – средно образование, така е и според деталниот урбанистички план што е во изработка, но оти при изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараат ова земјиште да има намена Б – комерцијални – деловни објекти.
– Ова барање произлегува од тоа што целиот простор околу поранешниот дом прерасна во комплекс на трговски објекти – нагласуваат од Општина Гази Баба.
„Ранка Милановиќ“ беше воспитно-социјална установа за деца и за младинци со сериозно нарушено поведение и потреба од засилена поддршка и ресоцијализација. Пред повеќе од една деценија, со реформите во системот, беше напуштена старата форма на државна грижа за овие деца, со отворање мали групни домови за децата со воспитно-социјални проблеми.
Од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во однос на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“, неговата состојба и лицата населени во него, велат дека со голема сериозност пристапиле кон решавање на овој проблем.
– Во изминатата година и пол, во тесна соработка со Општина Гази Баба, почнати се активности со цел трајно и системско решавање на состојбата. Во таа насока е и изработката на деталниот урбанистички план за предметниот блок, од страна на Општината. Овој процес е клучен предуслов за идната трансформација на просторот и за изнаоѓањето долгорочно решение, согласно со урбанистичките и законските процедури – нагласуваат од Министерството.
Притоа, додаваат дека, паралелно со тоа, работат и на решавање на прашањето со лицата што се наоѓаат во поранешниот дом.
– Во моментов се обезбедуваат дополнителни сместувачки капацитети во Чичино Село, каде што ќе бидат згрижени лицата од „Ранка Милановиќ“, со цел да им се обезбедат посоодветни услови за сместување и грижа – одговорија од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Притоа, додаваат дека, по завршувањето на овие активности и по создавањето на потребните урбанистички предуслови, ќе може да се пристапи кон следната фаза на трансформација на локацијата.
Според Министерството, целта е, во координација со Општина Гази Баба и со другите надлежни институции, да се обезбеди трајно и одржливо решение за овој простор наместо привремени интервенции.
Од Министерството велат дека во моментов, во поранешниот дом престојуваат 20 семејства, односно околу 80 лица (возрасни и деца).
(А. П.)












