петок, август 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР со детали за сообраќајката кај скопскиот аеродром: Повредени тројца српски државјани

МВР со детали за сообраќајката кај скопскиот аеродром: Повредени тројца српски државјани

284

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што утринава се случи на автопатот „Пријателство“ во близина на исклучувањето што води кон меѓународниот аердром „Скопје“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму додаваат дека сообраќајката се случила утринава во 5:30 часот кога возило со српски регистарски ознаки удрило во метална ограда и се превртело на патот.

Освен возачот на возилото „нисан“, 34-годишниот Н. Џ. од Република Србија, повредени се и две сопатнички. Повредените, додаваат од МВР, со возило на Итната медицинска помош се префрелни во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На терен се екипи на СВР Скопје кои вршат увид под раководство на јавен обвинител.

Претходно денеска од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираа дека поради сообраќајната несреќа е во прекин сообраќајот од исклучокот од Скопје што води кон аеродромот и оти возилата се пренасочуваат преку клучката кај рафинеријата „Окта“.

Од меѓународниот аеродром „Скопје“ потврдија дека има пренасочување на сообраќајот и ги известуваат возачите да го користат излезот што води кон стариот влез за аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда.

ИЗДВОЕНИ