понеделник, јуни 29, 2026
Дома СПОРТ Херојот на Австрија помина низ пеколот поради три тешки повреди!

Херојот на Австрија помина низ пеколот поради три тешки повреди!

30

Саша Калајџиќ стана еден од најголемите херои во групната фаза на Светското првенство откако постигна гол во шестата минута од судиското продолжение за Австрија да израмни со 3:3 против Алжир и да се пласира во осминафиналето.

Австрискиот напаѓач влезе како замена само во последните минути од натпреварот, а само неколку моменти откако Ријад Марез постигна гол во 93-тата минута за водство на Алжир од 3:2, токму Калајџиќ го постигна последниот гол на натпреварот.

Тоа беше еден од најдраматичните моменти на Светското првенство досега, но и награда за играч кој поминал низ пекол во текот на својата кариера.

Калајџиќ три пати ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, што го држеше надвор од игра повеќе од три години.

Роден е на 7 јули 1997 година во Виена, а неговите родители се Вахид и Марица, кои ја напуштија Босна и Херцеговина за време на војната и започнаа нов живот во Австрија.

Со висина од два метра, Калајџиќ го привлече вниманието на европските клубови како млад напаѓач, а по одличните настапи за Адмира во 2019 година, се пресели во Штутгарт за шест милиони евра.

Сепак, само неколку недели по пристигнувањето во Германија, тој ја доживеа својата прва сериозна повреда кога ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, поради што мораше да отсуствува речиси една година.

По успешното враќање, тој беше продаде на Вулверхемптон за 18 милиони евра, но и таму наскоро го погоди уште една несреќа.

По само неколку настапи за англискиот клуб, тој повторно ги скина лигаментите на коленото и мораше да отсуствува уште девет месеци.

Токму кога се чинеше дека конечно ќе може да ја врати кариерата на вистинскиот пат, дојде третиот и можеби најтежок удар.

За време на позајмувањето во Ајнтрахт Франкфурт во февруари 2024 година, тој повторно сериозно го повреди коленото и ги скина предните вкрстени лигаменти по трет пат.

Многумина во тоа време се сомневаа дека некогаш ќе се врати на врвно ниво, но Калајџиќ не се откажа.

Вулверхемптон потоа го позајми во ЛАСК, каде што повторно ја пронајде својата форма и со добрите настапи обезбеди место во австриската репрезентација за Светското првенство.

Судбината сакаше тој да стане човекот на одлука во натпреварот против Алжир, кога ја спаси Австрија од испаѓање со гол во 96-тата минута и ја однесе меѓу 32 најдобри репрезентации во светот.

Неговата животна и спортска приказна денес претставува една од најубавите приказни на ова Светско првенство, а голот против Алжир сигурно ќе остане меѓу најважните моменти во неговата кариера.

 

ИЗДВОЕНИ