Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод одбележувањето 35 години од независноста на Република Македонија, на 9 август премиерно ќе биде изведен на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Овој спектакл, кој ги обединува музиката, глумата и танцот и во кој ќе учествуваат познати македонски музички изведувачи, актери и танчари, ќе ја раскаже приказната за три и полдецениската независност низ најзначајните историски моменти, предизвици и достигнувања на државата.
Во програмата ќе учествуваат околу 120 музичари, актери и други уметници, а македонските музички хитови ќе бидат споени со стиховите од Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски и од други македонски поети.
Музичкиот дел ќе биде поделен во повеќе тематски целини, ќе има песни посветени на Тоше Проески, како и македонска поп-музика и етнозвуци. Домаќини на спектаклот ќе бидат Игор Џамбазов и Драгана Ливринска.
Карванот ќе гостува во 11 града во државата, а својата завршница ќе ја има на 4 септември, на плоштадот „Македонија“ во Скопје.












