недела, ноември 8, 2026
Дома СВЕТ Пет странски државјани се меѓу повредените, а еден меѓу убиените во нападот...

Пет странски државјани се меѓу повредените, а еден меѓу убиените во нападот во Краков

587
EPA/Art Service POLAND OUT

Полскиот министер за внатрешни работи изјави дека првичните сознанија укажуваат оти напаѓачот, кој денеска во Краков усмрти шест лица, а повреди 15, бил под влијание на „крајнодесничарски идеологии“. 

Министерот за одбрана, Владислав Кошњак-Камиш, ја започна прес-конференцијата опишувајќи го инцидентот како „терористички напад“ и појасни дека полицаецот кој го запрел осомничениот се наоѓа во критична состојба.

Министерот за внатрешни работи, Марчин Кервињски, изјави дека полицијата отворила оган кон напаѓачот три минути откако добила повик за нападот. Тој првично потврди дека во нападот загинале шест лица, меѓу кои и еден странски државјанин. Според Кервињски, повредени се околу 16 лица, вклучително и осомничениот, пет странски државјани и двајца полицајци.

Кервињски објасни дека осомничениот бил застрелан, се наоѓа во сериозна состојба.

Министерот за внатрешни работи додаде дека сè укажува оти осомничениот бил инспириран од „крајнодесничарски идеологии“ и дека имал „ултранационалистички ставови“. Кервињски нагласи дека овие информации допрва треба да се потврдат.

Една од претпоставките е дека оружјето користено во нападот потекнува од семејниот дом на осомничениот.

Меѓу повредените има пет странски државјани – изјави министерот за внатрешни работи.

Одговарајќи на друго прашање, полскиот министер за внатрешни работи, Марчин Кервињски, појасни дека по нападот 16 лица биле хоспитализирани во различни болници во Краков, каде што во тек се медицински интервенции.

Кервињски претходно изјави дека две лица се веќе пуштени од болница. Тој наведе дека петмина од повредените се странски државјани. Претходно, Кервињски информираше дека еден од загинатите бил странски државјанин.

Кервињски беше прашан и за бројот на истрели што осомничениот ги испукал за време на нападот.

Министерот за внатрешни работи одговори дека биле испукани „многу истрели“, но не можеше да даде подетални информации. Кервињски наведува дека неколку парчиња оружје се регистрирани на име на таткото на осомничениот, но додава дека е „прерано“ да се тврди нешто конкретно.

ИЗДВОЕНИ