вторник, септември 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА 19-годишен мотоциклист загина во тешка сообраќајна несреќа на „Радишанска“ во Скопје

19-годишен мотоциклист загина во тешка сообраќајна несреќа на „Радишанска“ во Скопје

181

Деветнаесетгодишен мотоциклист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на улицата „Радишанска“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Скопје денеска (07.08.2026) во 12:12 часот. Во судирот учествувале патничко возило „Алфа Ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46), и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско.

Од здобиените повреди, младиот мотоциклист починал на местото на несреќата.

Од МВР информираат дека увидот е во тек, а по неговото завршување ќе бидат познати повеќе детали за причините и околностите под кои се случила трагичната сообраќајна несреќа.

ИЗДВОЕНИ