петок, јули 10, 2026
Дома СКОПСКА Можности за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на...

Можности за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“

11

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која биле разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб.

-Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните на двете метрополи – информираа од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека посебно внимание било посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

-Соговорниците разговараа за меѓународната промоција на проектот, културната размена, како и за поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи. На средбата беше истакнато дека проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ претставува значајна можност за афирмација на главниот град како современ европски културен центар, кој успешно ги спојува богатото историско наследство, културната разновидност и современата креативна енергија – прецизираат градските власти.

Воедно, двете страни ја потврдиле подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ