Општина Центар на младите од оваа општина им доделува субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија.
За таа цел се обезбедени 2 милиони денари. Субвенцијата изнесува 10.000 денари, а право на аплицирање имаат лицата родени во 2006, 2007 и во 2008 година.
Од Општина Центар информираат дека од оваа година е воведено и олеснување на постапката, со тоа што субвенциите може да се исплатат и на трансакциската сметка на родителите наместо, како досега, само на корисникот.
Правото на субвенција е еднократно, а апликантите треба да достават: барање за субвенција за полагање возачки испит Б-категорија во автошколите на подрачјето на Општина Центар; копија од лична карта; копија од трансакциска сметка; доказ за извршена уплата во автошкола; доказ дека е регистрирана автошколата на подрачјето на Општина Центар.
Јавниот повик трае до исцрпување на предвидените средства, а најдоцна до 31 декември 2026 година.
Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
За повеќе информации, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-680.












