четврток, јуни 18, 2026
Дома БАЛКАН Министерот за надворешни работи на БиХ најави дека ќе бара забрана за...

Министерот за надворешни работи на БиХ најави дека ќе бара забрана за концертот на Јелена Карлеуша закажан за август

0

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) Елмедин Конаковиќ ќе побара од Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон да го забрани концертот на пејачката Јелена Карлеуша во Сараево закажан за август.

„Ќе побарам од Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево да го забрани овој концерт во согласност со Законот за јавни собири, бидејќи станува збор за лице чии настапи поттикнуваат национална и верска омраза. И немојте да велите дека ова не е работа на министерот за надворешни работи, немојте да пишувате дека не треба да се спуштам на тоа ниво“, напиша Конаковиќ на „Фејсбук“.

Тој изјави дека Карлеуша „го негирала геноцидот во Сребреница и ги навредила оние кои ја кажуваат вистината за извршениот геноцид, и ние треба да ја пречекаме со раширени раце“.

Конаковиќ напиша дека „реагира на феноменот на простување на негирачите на геноцидот и дозволување тие дополнително да го понижуваат бошњачкиот народ и неговото страдање“.

Тој, исто така, откри дека лидерот на Партијата за подобра иднина и сопственик на сараевски „Аваз“, Фахрудин Радончиќ, ја промовирал Карлеуша во Босна и Херцеговина и „пренел нејзини топли пораки и пишувал пофалби за неа“.

„Радончиќ го прави ова намерно и веројатно зема динар за ваков вид промоција“, заклучи Конаковиќ, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ