четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Ние не ја сакаме оваа војна и никогаш не ја сакавме,...

Зеленски: Ние не ја сакаме оваа војна и никогаш не ја сакавме, но ако Украина гори, и Москва ќе гори

0
Фото: EPA/Christine Olsson SWEDEN OUT

Денешните украински напади врз Москва треба да му покажат на рускиот народ дека „еден човек“, Владимир Путин, е одговорен за продолжувањето на војната, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Главната работа е рускиот народ да почне да разбира дека еден човек, (рускиот претседател Владимир) Путин, ја води оваа војна додека обичните луѓе ја плаќаат целата цена“, рече Зеленски во аудио порака до новинарите објавена на социјалните мрежи.

Тој додаде дека Украина не сака војна и никогаш не ја сакала.

„Не ја сакаме оваа војна и никогаш не ја сакавме. Но, ако Украина гори, и вашата Москва ќе гори“, додаде украинскиот претседател.

Украинските сили нападнаа московска рафинерија за нафта по втор пат за една недела, прекинувајќи ги комерцијалните летови на московските аеродроми, соопштија денес руските власти.

Нападите се случија неколку часа откако Зеленски изјави дека имал важен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, кој би можел „да донесе значајни промени“, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ