Борче Наумовски заслужено еуфорично! Среќен 52. роденден! Македонскиот фолк-пејач и ѕвезда на фолк-естрадата, битолчанецот Борче Наумовски, познат како Министерот за Естрада, слави роденден во година во која слави и 30-годишен музички јубилеј! На 22 јули, во преполната Хераклеја во родната Битола, одржа грандиозен солистички концерт со голем оркестар од 17-мина музичари, предводен од професорот Кирил Стојчевски.
Воедно, Борче најавува и нов албум со наслов „Моја љубов, моја судбина“, на кој ќе се најдат неговите најголеми музички хитови. Прославата ја заокружува со ексклузивна славеничка фотографија на која е во елегантен бел костум, со црна елегантна кошула и со бела пеперушка. Врз сликата гордо стои натписот „Cheers to Chapter 52“. (Д. М.)












