Соединетите Американски Држави (САД) годинава го имаа најтоплото лето во историјата на мерењата, со просечна температура од околу 23,5 степени Целзиусови, соопшти Националната океанска и атмосферска управа (НОАА).
Просечната температура во периодот од јуни до август била за 3,5 степени повисока од просечните летни температури измерени во текот на 20 век, пренесува „Си-Би-Ес њуз“.
Рекордните горештини го зафатија западниот дел на САД, јужните планински предели, југозападните рамници и Флорида.
Високите температури предизвикаа сериозни последици во повеќе региони, меѓу кои разорни шумски пожари и намалување на резервите на вода.












