сабота, ноември 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР потврди: Осомничен за семејно насилство во Битола побегнал низ прозорец од...

МВР потврди: Осомничен за семејно насилство во Битола побегнал низ прозорец од полициска станица, известена Внатрешната контрола

0

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска потврди дека лице пријавено за физичко и психичко насилство врз 21-годишна девојка побегнало низ отворен прозорец од просториите на СВР Битола, додека полициските службеници преземале дејствија за негово лишување од слобода.

Од МВР информираат дека по осомничениот интензивно се трага, а за утврдување на одговорноста и околностите под кои се случило бегството е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Случајот во јавноста денеска претпладне го обелодени „Слободен печат“ преку сведоштвото на мајката на жртвата, Бети Ангеловска.

Според нејзината изјава и полициската пријава поднесена на 10 ноември, 21-годишната битолчанка подолг период трпела физичко и психичко насилство, а при последниот напад била удирана со тупаници, давена со голи раце и ѝ биле упатувани закани по живот.

По пријавата, осомничениот сам дошол во полициската станица во придружба на родител, но откако му било соопштено дека ќе биде задржан, успеал да избега низ прозорецот. Жртвата, поради страв за нејзината безбедност, е згрижена во шелтер-центар.

ИЗДВОЕНИ