Пред неколку дена претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп во Белата куќа ги угости фудбалерите на Интер Мајами, актуелниот шампион на МЛС.
Американскиот претседател сакаше да им додели награди на шампионите на САД и на тимот предводен од аргентинскиот интернационалец Лионел Меси.
Новата сезона на МЛС започна на почетокот на март, а Трамп сакаше да биде во центарот на вниманието на почетокот на новата сезона со тоа што ќе ги угости минатогодишните шампиони.
Наместо спортска приказна, Меси и компанијата беа шокирани од однесувањето на Трамп. За време на својот говор, додека играчите на Интер Мајами беа присутни, Трамп најмногу зборуваше за политика.
Негова главна тема беше актуелната ситуација на Блискиот Исток, а се осврна и на Куба, како и на поранешните бегалци од Мајами.
Во еден момент, играчите беа збунети, а Лионел Меси не можеше да верува што слуша. Додека Трамп беше во својот филм, изразот на лицето на Меси кажуваше сè.
Сосема очекувано видеото од тој настан експресно стана вирално на социјалните мрежи.
„Дали овој човек е нормален?“, „Ова се случува само во САД“, „Човекот е целосно луд“, „Дали ова е скриена камера?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Доналд Трамп успеа да се стави во преден план уште од приемот на фудбалерите, а играчите на првиот тим на Интер Мајами сигурно долго ќе го паметат овој момент.
Класичниот прием на претседателството се претвори во тотален циркус, фудбалот беше најмалку од темите, а очигледно Доналд Трамп го користи секој момент за внимание.












