четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Филипче: Шилегов е исклучен едногласно, одработуваше за ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Шилегов е исклучен едногласно, одработуваше за ВМРО-ДПМНЕ

756

Одлуката за исклучување на Петре Шилегов е донесена со консензус откога, по сите нивни проверки и информации, заклучивме дека станува збор за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и обид за внатрешна поделба на партијата, изјави денеска Венко Филипче, лидер на СДСМ. На партиската конференција за печат тој ја појасни синоќешната одлука на партискиот Извршен одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство на партијата.

– Точно е дека се почитувало и се слушало туѓото мислење, така е и сега, така и ќе биде понатаму. Но, тука не станува збор за туѓо и поинакво мислење затоа што и тоа мислење беше сослушано, туку за процес за одработување за ВМРО ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите наши проверки и информации, дојдовме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со консензус. Никој не гласаше против. Јас нема да дозволам луѓе да го делат СДСМ понатаму затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт, која ништо не може да направи за да го спречи падот на анкетите, кој е евидентен. Веројатно ги имате тие анкети, ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние имаме раст, единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата однатре и така да нè ситнат за да владеат онака како сакаат да владеат. Ние тоа нема да го дозволиме. Таква поделба се случи 2021 година, 2024 со националистичка и лажна кампања, во 2025 година самиот Шилегов рече дека тој не работел за СДСМ. Има и други такви луѓе што не работеле за СДСМ на изборите во 2025 година – изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Своја реакција за ова за денеска најави и Петре Шилегов. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ