Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого се согласи дека преговорите со Иран мора веднаш да започнат.
„Трамп се врати од Кина. Се согласивме дека преговорите со Иран мора веднаш да започнат. Ормутскиот теснец мора веднаш да се отвори. На Техеран не смее да му се дозволи да поседува нуклеарно оружје“, напиша Мерц на својот X профил.
Мерц напиша дека тој и Трамп разговарале и за мирно решение во Украина и дека ги „координирале“ ставовите пред претстојниот самит на НАТО во Анкара.












