Македонскиот народен театар на 27 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски и во режија на Слободан Унковски. Претпремиерната изведба е закажана за 26 ноември.
Во актерската екипа играат: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.
Авторскиот тим го сочинуваат сценографот: Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал и композиторот Златко Ориѓански. Асистент на режисерот е Звездана Ангеловска, асистент на сценографот Мартин Манев, а асистент на костимографот Никола Булески.
Извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен, организатор е Тадеа Павловска, инспициент Александар Рајковски, а суфлер Мирослав Атанасовски.
По премиерата, претставата ќе биде на репертоарот на МНТ и на 1, 4 и 29 декември, со почеток во 20:00 часот.












