петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Мерц: Десничарскиот популизам доживеа тежок пораз во Унгарија

Мерц: Десничарскиот популизам доживеа тежок пораз во Унгарија

51
Фото: EPA/CLEMENS BILAN
Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека десничарскиот популизам доживеал пораз во Унгариа каде што во неделата на парламентарните избори беше убедливо поразен премиерот Виктор Орбан.

„Десничарскиот популизам претрпе тежок пораз во Унгарија. Многу јасен сигнал против десничарскиот популизам низ светот доаѓа од Унгарија“, наведе Мерц во пораката на социјалните мрежи.

Мерц ја поздрави можноста за „полесно носење заеднички одлуки во рамки на Европскиот совет“, со победата на Маѓар, проевропскиот конзервативец.

ИЗДВОЕНИ