четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Меланија Трамп кажа Македонија, Грција протестира!

Меланија Трамп кажа Македонија, Грција протестира!

1799

Со само еден збор, првата дама на САД, Меланија Трамп, повторно го разбуди старото прашање за името, предизвикувајќи брза реакција од Атина и потсетување на Преспанскиот договор. Дел од грчките медиуми пренесуваат дека се очекувало Меланија Трамп да ѝ се обрати на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, користејќи ја фразата „ја поздравуваме Македонија“, во присуство на гости од 45 земји. Сепак, грчкиот амбасадор во американската престолнина, Антонис Александридис, бил информиран однапред за говорот и презел соодветни дипломатски чекори за да не се случи тоа. Дипломатската интервенција покажува дека дури и најмала отстапка може да предизвика големи дипломатски бранувања.

 

Правата дама на САД, Меланија Трамп предизвика реакција од Атина откако во јавен настап сакала да ја нарече земјава Македонија, што резултираше со формална интервенција на грчката амбасада во Вашингтон, која инсистира на доследна примена на одредбите од Преспанскиот договор и употреба на уставното име „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни комуникации.

Грчкиот портал Greek reporter објави дека „за време на нејзиното обраќање на високопрофилен настан, првата дама го употреби името „Македонија“ за да ја опише северната соседка на Грција“.

 -Бидејќи терминот „Македонија“ се однесува исклучиво на историскиот и географски грчки регион, неговата употреба како име за странска држава претставува чувствително дипломатско прекршување. Според принципот erga omnes од Преспанскиот договор, соседната држава мора да се именува како „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти, пишува порталот.

Како одговор, грчките дипломати стапиле во контакт со надлежните институции за да обезбедат официјалните записи и идните комуникации да ја користат точната терминологија.

 -Амбасадата појасни дека користењето на името „Македонија“ за суверената држава во Скопје не само што ги игнорира меѓународните договори, туку создава и регионална конфузија во врска со грчкиот културен идентитет. Оваа решителна дипломатска интервенција покажува дека Атина внимателно ги следи случувањата во Вашингтон, нагласувајќи дека додавката „Северна“ во името на државата што граничи со Грција е правно обврзувачка, а не изборна, и има цел да го заштити посебниот идентитет на грчкиот регион Македонија, објави грчкиот портал.

Дел од грчките медиуми пренесуваат дека се очекувало Меланија Трамп да ѝ се обрати на сопругата на македонскиот премиер, користејќи ја фразата „ја поздравуваме Македонија“, во присуство на гости од 45 земји.

Сепак, грчкиот амбасадор во американската престолнина, Антонис Александридис, бил информиран однапред за говорот и презел соодветни дипломатски чекори за тоа да не се случи.

На самитот во Вашингтон што го организира првата дама на САД, Меланија Трамп, учествува и сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска. Како што соопштија од владината прес-служба, сопругата на премиерот остварила краток разговор и разменла мислења и со Меланија Трамп и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

-Сопругата на претседателот на Влада, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието. Во рамките на самитот, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп како и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Настанот бил насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.

-Денес ми е посебна чест денес да примам толку импресивна група лидери. Четириесет и петмина од вас патуваа од секој агол на планетата за да ја претставуваат својата нација како дел од оваа нова коалиција. Заедно ја негуваме иднината. Нашата мисија, да им дадеме моќ на децата преку технологијата и образованието, е остварлива, истакнала во своето обраќање првата дама на САД.

Овој настан во рамките на иницијативата „Негувајќи ја иднината заедно“, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од прва дама на САД, на кој учествуваа претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании.

Централен момент било претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обратил и комуницирал со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.

-Овој дел од програмата беше замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации. Настанот во Белата куќа послужи како платформа за меѓународно поврзување, размена на идеи и демонстрација на технолошки достигнувања, со акцент на иднината и глобалната соработка, соопштија од Владата.

Меланија Трамп пристигна во Белата куќа на самитот со придружник покрај себе што предузвука воодушевување. Таа прошета по црвениот тепих заедно со хуманоиден робот наречен Фигура Три.

Роботот влезе во просторијата каде што се одржува самитот, се претстави и ги поздрави присутните на неколку различни јазици.  (В.С.Н.)

ПРЕМИЕРОТ ЗА ГРЧКИТЕ ТВРДЕЊА ДЕКА СПРЕЧИЛЕ МЕЛАНИЈА ТРАМП ДА ГО УПОТРЕБИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА: Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?

ИЗДВОЕНИ