Скијачката сезона во Светскиот куп заврши, Микаела Шифрин го освои својот шести Кристален глобус, а Марко Одермат својот петти, и тоа во низа. Но, овие двајца скијачи добро се офајдија кога е заработувачката од актуелната сезона во прашање. Така Швајцарцот Одермат има убедливо најголема заработувачка сезонава во однос на конкуренцијата, односно 741.254 евра, а следен на оваа листа е Бразилецот Лукас Братен Пинеиро со 359.264 евра.
Кај дамите, Шифрин очекувано има најголемо салдо од 615.167 евра, додека далеку зад неа е Германката Ема Ајхер со 387.265 евра.











