Министерството за образование објави дека неколку училишта во Србија утрово добиле пријави за поставени експлозивни направи и дека во некои од училиштата што биле проверени, полицијата утврдила дека овие пријави се лажни.
Министерството во соопштението наведува дека учениците од училиштата што биле проверени последователно биле вратени на часови.
„Министерството за образование ги потсетува училиштата на упатствата за тоа како да постапат во случај на пријава за поставена експлозивна направа. За да ги заштитат учениците и вработените, училиштата треба веднаш да ја известат полициската управа и да дејствуваат исклучиво во соработка и координација со претставници на Министерството за внатрешни работи“, се вели во соопштението.
Министерството за образование апелираше да се почитуваат сите усвоени безбедносни процедури и да се избегне ширење паника.
Како што за агенцијата Бета потврдија неколку локални полициски управи, пријави добиле училишта во Белград, Зрењанин, Лесковац, Алексинац, Нишка Бања, Нови Пазар, Тутин, Сјеница и други места.












