Македонија следната година ќе учествува на Евровизија, која ќе се одржи во Софија. Ова го потврди новиот директор на
Македонската радио- телевизија, Зоран Ристовски кој кажа дека ќе учествуваме на конкурсот за избор на Евросонг.
Посочи и дека претходната недела имале средба со ЕБУ (Европска радиодифузна унија), која предложила и посебен
пакет за МРТ, кој ќе ги намали трошоците.
– Тие многу сакаат да се вратиме на Евровизија, дури и ни понудија пакет што нема да биде толку голем товар во однос на
трошоците за јавниот сервис – вели Ристовски.
Инаку, Македонија последен пат настапи на Евровизија во 2022 година, во Торино, Италија, но неславно заврши. Со
талентираната Андреа Коевска и песната „Circles“, која беше избрана преку националниот избор во студиото на МТВ, не
влеговме во големото финале.
Ристовски, исто така, потенцираше дека веќе се распишани јавните огласни за избор на композиција што ќе ја претставува
Македонија на јуниорскиот Евросонг 2026 година и повик за аудиција на вокален интерпретатор и за јуниорскиот Евросонг 2026 година.
Доколку информациите бидат дефинитивно потврдени од Европската радиодифузна унија или од Македонската, тоа ќе биде
првпат од 2008 година да се одржи евровизиски натпревар во поранешна Југославија, кога Белград, главниот град на Србија, беше
домаќин и би бил првиот евровизиски натпревар што ќе се одржи во Македонија.
Македонија дебитираше на првата детска Евровизија во 2003 година со дуетот Марија и Викторија. Најдобриот резултат го
постигна во 2007 и во 2008 година со пласманот на петтата позиција. Лани, Нела Манческа со песната „Miracle“ го освои седмото место со
141 поен, добивајќи максимални 12 поени од жирито од Италија и од Црна Гора.












