понеделник, јули 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Врие од дрога во КПУ „Идризово“, полицијата запленила 92 ќесички бело

Врие од дрога во КПУ „Идризово“, полицијата запленила 92 ќесички бело

Спречен обид за шверц

323

Дваесет и петгодишна жена од Скопско е приведена пред затворот во Идризово откако полицијата пронашла дрога во пакетот што го носела за осудено лице. Инцидентот се случил во средата околу 15:30 часот, пред казнено-поправната установа „Идризово“. Според информациите од полицијата, при преглед на пакетот што го донела В. А. (25), биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Дрогата веднаш била одземена, а жената приведена во полициска станица. По целосното расчистување на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава.

Тој ден, ама утрината, од затворот било пријавено дека при извршен претрес биле пронајдени и одземени 92 ќесички со прашкаста материја и дигитална вага. Дрогата е подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

ИЗДВОЕНИ