Македонската сениорска ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2028 година кое што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

„Црвено – жолтите“ ждрепката ја дочекаа од вториот шешир, и добија релативно лесна група. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, за да се квалификуваат на следниот континентален собир ќе треба да обезбедат едно од првите две места во осмата квалификациска група против селекциите на Грција, Луксембург, и фаворитот за првата позиција, селекцијата на Шведска.

Првопласираните и второпласираните селекции од секоја група во квалификациите ќе обезбедат место на Европското првенство во 2028 година, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации. Квалификацискиот циклус започнува во ноември оваа година.

Македонија ќе ги почне и ќе ги заврши квалификациите на домашен терен.

Квалификации за ЕП 2028: Прво коло – 5/6 ноември 2026, Македонија – Луксембург, Второ коло – 8/9 ноември 2026, Грција – Македонија, Трето коло – 10/11 март 2027, Македонија – Шведска, Петто коло – 5/6 мај 2027, Луксембург – Македонија, Шесто коло – 9 мај 2027, Македонија – Грција

Група 1: Хрватска, Холандија, Финска, Литванија, Група 2: Норвешка, Австрија, Турција, Грузија, Група 3: Исланд, Србија, Естонија, Украина, Група 4: Унгарија, Фарски Острови, Косово, Црна Гора, Група 5: Словенија, Чешка, Израел, БиХ, Група 6: Франција, Полска, Летонија, Романија, Група 7: Германија, Италија, Словачка, Белгија, Група 8: Шведска, МАКЕДОНИЈА Луксембург, Грција

Македонија во мај годинава, пак прво ќе треба да го мине баражот за Светското првенство во 2027 година во Германија, а противник ќе и биде селекцијата на Словачка.

ИЗДВОЕНИ