Австралискиот УФЦ-борач, Александар Волкановски, кој има македонски корени, застана во одбрана на шампионот во тешка категорија, Том Аспинал, за кого верува дека е неправедно критикуван поради повредите на окото. Аспинал неодамна беше подложен на двојна операција за да заздрави од повредите здобиени на мечот за одбрана на титулата против Сирил Гане, на настанот „УФЦ 321“ минатиот октомври. Нивната борба беше прогласена за нерешена, што значи дека беше прекината, без победник, бидејќи Аспинал не можеше да продолжи.
- Мислам дека сите се премногу строги кон него. Проблемите со очите навистина може да ве извадат од колосек. Многу луѓе очекуваат да ви падне окото, но дури и едноставното кинење на мрежницата и слични работи може да бидат голем проблем. Во мојата прва борба со Диего Лопес, имав неколку проблеми. Да бидам искрен, сè уште ги чувствувам ефектите врз моето око. Имам среќа што не е премногу сериозно, но, сепак, имам некои проблеми околу тоа – истакна Волкановски на својот јутјуб-канал.











