Моџтаба Хамнеи, син на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи и личност која некои аналитичари долго ја сметаа за можен наследник, наводно е жив, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на иранската агенција Mehr.
„Моџтаба Хамнеи, синот на врховниот водач, е во сосема добра здравствена состојба“, пренесе Mehr, објави „Си-ен-ен“.
Агенцијата додаде дека Моџтаба, исто така, разгледува „важни прашања“ поврзани со државата, без да даде детали.
Моџтаба, вториот син на врховниот водач, се смета за личност со значително влијание зад сцената, со длабоки врски со Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC), најмоќната воена сила во Иран, како и со Басиџ, нејзината волонтерска паравоена мрежа.












